Владата треба да даде објаснување кој врши притисок врз полицајката Јасмина Јаначковска да ја смени изјавата за инцидентот кај „Мавровка“, напиша претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани на Фејсбук.
„Правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ. Владата должни објаснување, кој врши притисок врз полицајката Јасмина Jаначковска да ја смени изјавата за инцидентот кај Мавровка.
Ако не ја заштитиме Јасмина, Македонија ќе биде држава на силеџии како Беќир Асани! Брука“, напиша Селмани.