Селмани – Џолев: Потребни се редовни брифинзи со судовите

220

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија денеска се сретнаа со претседателот на Кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев. На средбата се разговараше за подобрување на условите на новинарите што известуваат од судски рочишта и за подобрување на меѓусебната соработка.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, ја поздрави новата пракса на претседателот Џолев во поглед на транспарентноста на институцијата.

– Сугериравме на институциите да одржуваат редовни брифинзи со новинарите бидејќи така се зголемува транспарентноста на институцијата и се намалува можноста за објавување на непроверени информации – истакна Селмани.

Од ЗНМ велат дека било разговарано и за конкретни судски постапки што се водат против новинари. Селмани побарал судиите да ја применат праксата на Европскиот суд за човекови права, кога одлучуваат за предмети против новинари.

„Двете страни изразија подготвеност да организираат заеднички активности и обуки, кои имаат за цел да се олесни пристапот на новинарите во судот и да се подобри квалитетот на известувањето“, се наведува во соопштението.

Претседателот на Кривичниот суд Џолев рекол дека Судот е отворен да соработува со ЗНМ со цел да се зголеми транспарентноста и да се подобри пристапот на новинарите во судот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...