Изразуваме длабока загриженост и ја предупредуваме јавноста дека владата на СДСМ и ДУИ не само што нема намера да го реформира судскиот систем и функционирањето на владеењето на правото, туку оваа коалиција тргува со правдата во интерес на политичко пазарење, реагира Алијансата за Албанците.
– Ова најдобро се докажува со одлуката на Врховниот суд за ослободување на пратениците на ВМРО, кои се осомничени и обвинети за настаните од 27 април за напад врз Собранието и пратениците, од затвор во куќен притвор. Највисоката судска институција која е предводена од Јово Вангеловски, избран во време на ВМРО- ДУИ, е еден од главните катализатори на монтираните политичките процеси. Врховниот суд го исполни едно од барањата на ВМРО која го условува своето враќање во Собранието – велат од Алијансата.
Од партијата на Села додаваат дека најостро ги осудуваат политичките пазарења кои ги прави Владата на СДСМ и ДУИ заедно со ВМРО, изведувајќи апсења кои на почеток наликуваат на филмски сцени а по некое време истите тие апсења завршуваат во домашен притвор како што е случајот и на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и другите инволвирани во крвавиот настан од 27 април.
– Владата на СДСМ и ДУИ нема капацитет ниту политичка волја за реформа на правосудниот систем, уште повеќе кога претседателите на високите судски установи се избрани од времето на ВМРО-ДУИ и истите не може да и служат на правдата ниту денеска да делат правда – велат од Алијансата.