Зијадин Села уте ќе биде реизбран за претседател на Алијансата на Албанците како единствен кандидат за лидер на првиот партиски конгрес.
Освен зацементираната лидерска позиција на Села во партијата, речиси е извесно дека ќе нема поместување ни на Арбен Таравари од функцијата генерален секретар. Очекувањата се дека првиот конгрес нема да донесе промени кај водството на Алијансата, односно двоецот Села,Таравари и натаму ќе биде ударната тупаница на партијата.
Евентуална смена на Таравари од ген-сек, би била доколку притисне тетовскиот огранок како најголем и тој да номинира нов генерален секретар на партијата, иако информациите се дека засега нема партиски функционер кој би можел да го засени гостиварскиот градоначалник и поранешен министер за здравство.
По конгресот, се очекуваат смени на потпретседтелите Агон Ферати, Елми Азири и Ремзи Мехмети.
Впечатливо е дека лидерорт иако втор пат организира конгрес, партијата го смета за прв конгрес на Алијансата, бидејќи на прертходниот, главната битка на Села беше да го преземе брендот на ДПА од Мендух Тачи, во што не успеа.
На конгресот, за Села се очекува да гласаат околу 700 делегати, кои ќе го изберат и Генералното собрание на партијата.
Интересно е дека меѓу 700-те делегати, 20 ќе бидат од албанската дијаспора и тоа од Европа и САД. Намерата е и дијаспората активно политички да се вклучи во одлучувањето на партијата.
Делегатите ќе гласаат и за нов статут, односно ќе биде впишано новото име, печат и лого на партијата – Алијанса за Албанците, со што Движењето за реформи на ДПА дефинитивно ќе замине во историјата.
Ново во статутот ќе биде дека партијата ќе формира политичка академија – тело кое треба да биде составено од партиски и од надворешни членови. Политичката академија ќе биде главно советодавно тело на Села, но и ќе ги креира политичката стратегија и платформа на Алијансата за Албанците.
Од партијата брифираат дека на конгресот се очекува да бидат потврдени главните стратешки определби на Алијансата, односно реафирмација на тркалезната маса на албанскиот политички блок за целосно спроведување на тиранската платформа, обединување на албанскиот опозициски блок, решавање на прашањето за името, реформите во правосудството…