Алијансата за Албанците го нарекува предавство на СДСМ повлекувањето од Законот за употреба на јазиците, пренесува АлсатМ.
Зијадин Села денеска потсети дека сегашната влада е формирана токму со условот за донесување на Законот за употреба на јазиците и оти пратениците на Алијансата биле гарант за мнозинството во Парламентот.
– Овие политички игри на СДСМ ми личат на нејзино враќање на својот идентитет и својот извор. Овој Закон за употреба на јазиците требаше да се донесе во 2004 година како нормативен дел од Охридскиот договор. Токму СДСМ и ДУИ беа тие кои не го донесоа овој закон тогаш – изјави Зијадин Села.
Села додава дека во овие случаи ДУИ веќе треба да ја преразгледа својата позиција на власт.
– Ова е кршење на договорот и мажите во овие случаи се знае каков чекор треба да преземат. Ако имаат мажественост и се одлучни во креирањето на политиката, ДУИ мора да седне и да разговара за ова прашање со Зоран Заев и ако не помине Законот за употреба на јазиците, мора да ја напуштат владата – вели Села.