Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го назначи Себастијан Соса за резидентен претставник во Македонија.
ММФ, како што стои во соопштението, го назначи Соса, кој е резидентен претставник на ММФ во Србија, исто така, да ја врши функцијата и на резидентен претставник во Македонија. Седиштето на Соса ќе остане во Белград и ќе ги покрива двете држави.
– Ова назначување има за цел да обезбеди континуиран дијалог и проток на информации помеѓу Фондот и властите во Скопје. Исто така, ќе ја олесни и интензивната техничка помош и набљудувачките активности на ММФ во Македонија, стои во соопштението од ММФ.