Во драматична бркотница со полицијата се самоуби момчето на исчезната македонска студентка по актерство Адеа Шабани во Лос Анџелес.
Американските медиуми ја пренесуваат веста дека 33-годишниот Кристофер Спотц си го одзел животот со неколку куршуми откако не успеал да и избега на полицијата во Калифорнија.
Според службените извештаи, Спотц управувал со украдена Тојота за која се претпоставува дека е поврзана со убиството на 25-годишната македонка Адеа Шабани. Но дали навистина се работи за убиство не потврдува ниту приватниот детектив на семејството Шабани кој вели дека потрагата по девојката е се уште активна.
25-годишната Адеа Шабани се води за исчезната од 23 февруари, а американските власти нудат награда од 25.000 долари за корисна информација која ќе помогне за пронаоѓање на македонската студентка.