Постаментот на кој беше поставен споменикот на Андон Јанев-Ќосето пред Врховниот суд, денеска се руши.
Минатиот месец, беше отстранет споменикот, кој беше поставен во 2014 година. Него го донираше Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, по отстранувањето на споменикот најави дека на местото ќе биде насадено дрво „за човекови права” под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации.