Во организација на движењето „Нашето име е наше право“, денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржува протест на кој се бара запирање на преговорите за името.
Некои од присутните се облечени во маички и транспаренти со ликот на Ќосето. Атмосферата ја дополнуваат патриотска музика и оро.
Присутни се и автобуси од други градови.
Дел од демонстрантите носат и пароли на кои пишува „слобода“ за осомничените за насилниот упад во Собранието, што се случи на 27 април минатата година.