Пред домот на пратеничката на СДСМ, Кети Смилеска вечерва голем број граѓани се собрани и протестираат, нарекувајќи ја предавник, објави Нетпрес.
Откако Законот за употреба на јазиците завчера беше изгласан во Собрание, голем број граѓани се собираат на протест против усвојувањето на овој Закон, а на социјалните мрежи не престануваат повиците за ваквите протести.
Во Виница вчера беше опожарен автомобилот на пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска – Митева, само неколку часа откако во Собранието беше изгласан Законот за јазиците.