За првпат во историјата просечната нето плата е над 24.000 денари, економските политики на Владата даваат резултати, соопшти денеска СДСМ.
Од партијата ги коментираат подартоците на Државниот завод за статистика, според кои просечната нето плата во јануари оваа година изнесува 24.025 денари, што е за 5,6 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2017 година кога таа изнесувала 22.750 денари.
„Ова е најголем раст на платите од 2010 година до денес. Зголемувањето на минималната плата којашто сега за сите работници изнесува 12.000 денари ја откочи спиралата на раст на плати, а раздвижувањето на економијата дава реално видливи резултати“, велат во соопштението од СДСМ.
Од СДСМ сметаат дека, тоа е уште еден во низата показатели што ги потврдува успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и докажува дека економијата се движи во позитивна насока.