Новиот модерен Клинички центар трајно ја решава потребата од интегрирани здравствени услуги.
По интензивна консултација со стручната јавност, архитектите, лекарите и здруженијата на пациенти, Владата предводена од СДСМ одлучи новиот Клинички центар во Скопје да се изгради на нова локација во Општина Карпош.
За разлика од досегашните долгогодишни одложувања и неспособноста на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ да изградат нов Клинички центар, сега се презема конкретен чекор за реализација на овој капитален објект кој ќе овозможи интегрирани здравствени услуги за граѓаните.
Новата локација од 84 хектари овозможува изградба на современ Клинички центар, нов Медицински факултет, Истражувачки центар, како и кампус за сместување на студентите по медицина. На тој начин се добива еден функционален и сообраќајно поврзан мал медицински град, и трајно се решава потребата од инетгрирани здрасвтвени услуги за сите граѓани на Република Македонија.
Со тоа граѓаните ќе добијат капитален проект којшто ќе го реши проблемот со здравствените услуги за следните неколку децении, а изградбата на новиот Клинички центар во вредност од околу 420 милиони евра станува највисока и најзначајна инвестиција во здравството во историјата на независна Македонија.
Досегашниот проект за изградба на Клинички центар на постојната локација не е најдобрата опција за понатамошно функционирање на Клиничкиот центар, бидејќи не е возможно да се потигне добро сообраќајно и паркинг решение, а во скора иднина ќе се јави потреба за дополнителни инвестиции во санација на останатите дотраени згради во Клиничкиот центар. Со тоа, новиот проект за изградба на нов Клинички центар во општина Карпош, на долг рок е поветин и поефиксен.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ којашто го опустоши здравството и неколкупати ја одлагаше изградбата на Клиничкиот центар, Владата предводена од СДСМ останува силно посветена во градењето на квалитетен, модерен и ефикасен здравствен систем кој обезбедува навремени и квалитетни здравствени услуги за сите граѓани.