СДСМ: Новиот Клинички е историска инвестиција за интегрирани здравствени услуги

158

Наместо за здравството, ВМРО-ДПМНЕ трошеше стотици милиони на споменици, новиот Клинички центар е историска инвестиција за интегрирани здравствени услуиги

ВМРО-ДПМНЕ е партијата којашто потроши над половина милијарда евра на криминалниот проект Скопје 2014 и најмалку може да зборува за одговорно трошење на парите на граѓаните.

Освен хаос и нефункционален здравствен систем кој повеќе разболуваше, ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо друго во овој исклучително важен сегмент, директно поврзан со здравјето на граѓаните.

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за потребите на граѓаните, за 11 години власт ќе изградеше современ и ефикасен Клинички центар и ќе ги реконструираше сите здравствени домови. Но наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше за задоволување на криминални интереси, оставајќи зад себе урнисано здравство и осирмашени граѓани“, соопшти СДСМ.

Од партијата додаваат дека Владата предводена од СДСМ останува силно посветена во градењето на квалитетен, модерен и ефикасен здравствен систем. Проектот за новиот клинички центар е дел од тоа. Македонија по 80 години добива нов, современ Клинички центар што трајно ја решава потребата од интегрирани здравствени услуги за сите граѓани на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...