Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, а обвинет во судскиот предмет „Тортура“ денеска не дојде на рочиштето во Кривичниот суд затоа што не добил покана.
Oбвинителите од СЈО побараа поканата на Мијалков да му се доставува во четвртоците, кога тој се пријавува во Кривичниот суд.
Адвокатот Љупчо Шврговски рече дека Мијалков имал друга адреса на која ќе му се достави поканата за судското рочиште. Toj додаде дека не ја знае точната адреса, но како што посочи, живее под Панорама на Водно
Овој судски предмет е покренат поради начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.