Поранешен началник на Одделението за меѓународна соработка во Секторот за Европска унија во МВР, Антонио Санев изјави денеска дека бил професионално деградиран по наредба на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Тој на денешната прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата обвини дека бил сменет и деградиран по наредба на Јанкулоска бидејќи не се согласувал со политиките во Министерството.
Санев информира дека бил прераспореден како аналитичар во Граничната полиција.
Одлуката за неговото прераспоредување ја донела интерна комисија и додава дека одлука е незаконска, бидејќи претседателот на комисијата бил поставен спротивно на сите прописи.
Претседател на комисијата бил Киро Тодоровски обвинет во еден од предметите на СЈО.