Најмалку 26 лица загинаа денеска, а 18 се ранети во самоубиствениот бомбашки напад во Кабул, главниот град на Авганистан, соопшти портпарол на Министерството за внатрешни работи.
Експлозијата одекнала во западниот дел на Кабул, во близина на шиитското светилиште.
Нападот се случил за време на прославата Норуз, со која се одбележува почетокот на персиската Нова година.