Сакал да подмити цариник со 500 денари за да прелета птица преку граница

933

 Полицијата информира дека на 3 април во 12 часот на граничниот премин „Делчево” на влез во земјаа од страна на царинскиот службеник при контрола на возило управувано од Д.Г.(55) од село Звегор, делчевско, била пронајдена жива птица.

Цариникот на Д.Г. му кажал дека доколку не поседува документи за птицата, треба да ја врати назад во Р. Бугарија. При евидентирањето во царинската евиденција, царинскиот службеник забележал дека во патната исправа на Д.Г. биле ставени 500 денари.

По ова царинскиот службеник ја предал патната исправа и паричните средства на командирот на Граничниот премин а Д.Г. бил лишен од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...