Сѐ повеќе деца уживатели на опојни дроги во Кочани

Зголемен е бројот на извршители малолетници за 9 отсто. Има и деца извршители на кривичното дело „неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги“, зашто се повеќе деца се уживатели и на опојни дроги - изјави Горан Јакимовски, командир на полицијата во Кочани.

286

Расте бројот на деца со дебели криминални досиеја во Кочани, објави телевизија Стар.

Според последниот извештај од кочанската полициска станица, повеќе од 30 деца лани биле извршители на кривични дела тешки кражби, кражби на моторни возила, предизвикување општа опасност, како и полов напад на лице кое не наполнило 14 години.

– Зголемен е бројот на извршители малолетници за 9 отсто. Расте бројот и на деца извршители на кривичното дело „неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги“ – изјави Горан Јакимовски, командир на полицијата во Кочани.

Алармантна е состојбата и со употребата на опојни дроги кај малолетниците во Кочани.

– Сѐ повеќе деца се уживатели и на опојни дроги, а тоа е податок што загрижува – истакна Јакимовски.

Според евиденциите на полициската станица во Кочани, во изминатата година за деца се водени вкупно 46 постапки, од кои 25 за кривични дела, 15 за прекршоци против јавниот ред и мир и шест за прекршоци од областа на сообраќајот.

Со цел вакви дела во иднина да има сѐ помалку, кочанската полиција и годинава ќе организира едукативни предавања за заштита од конзумирање на цигари и алкохол, употреба на дроги, предавања за насилство, педофилија, како и за употребата на пиротехнички средства и петарди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...