Руското МВР потврди дека е хакиран автоматскиот изборен систем

672

Рускиот државен автоматски изборен систем (GAS Vibori) бил нападнат од хакери, изјави денеска Александар Горовој, прв заменик министер за внатрешни работи.

– Може само да потврдам дека се случи кибер-напад. Но, имајќи предвид работење на
Федералниот сервис за надгледување информациски технологии и Централната изборна комисија, спречено е нефункционирање на системот – изјави Горовој.

Претходно беше соопштено за хакирање на сајтот на Централната изборна комисија од ај-пи адреси од 15 држави.

ЦИК соопшти денеска дека излезноста на денешните претседателски избори надминала 50 отсто во 17 часот по моковско време.

Комисијата соопшти дека 51,9 отсто од речиси 111 милиони Руси кои имаат право на глас, излегле на гласање.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ги повика Русите да ги бојкотираат изборите додека неговиот помошник Иван Жганов тврди дека автобуси носат гласачи на избирачки места за да биде потврдена победата на актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин.

Фото: EPA/SERGEI ILNITSKY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...