Русија и САД за настаните во Косово

1107

За инцидентите во северниот дел на Косовска Митровица и апсењето на Марко Ѓуриќ се огласија и САД и Русија, кои ги осудија случувањата.

Руското Министерство за надворешни работи објави соопштение во кое се наведува дека силно го осудува инцидентот во Косовска Митровица, чија цел било, како што се стои во документот, да се заплашат косовските Срби.

Руското МНР ги повика „сите кои имаат влјание врз косовските функционери“ да ја признаат својата одговорност во актуелните случувања, итно да извршат влијание „на своите штитеници“ и да придонесат за намалување на тензиите на Косово.

Во исто време, американскиот Стејт департмент „силно ги осуди“ случувањата во Косовска Митровица, за кои вели дека непотребно креваат тензии и и се закнуваат на регионалната стабилност.

– Ги повикуваме сите страни да избегнуваат понатамошна ескалација на ситуацијата, да дејствуваат смирено и да ги решат споровите на мирен начин. За да се воспостави траен мир и стабилност на Балканот, и Косово и Србија треба да се фокусираат на нормализација на односите преку дијалог кој го предводи ЕУ. САД се подготвени да ги поддржат сите страни во преговорите за дијалог – стои во соопштението кое го пренесе портпаролката на Стејт департментот Хедер Ноерт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...