Роберт Поповски ја осуди заканата врз претседателот на ЗНМ

233

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ја осудува заканата врз претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.

„Најостро го осудуваме секој обид за напад или закана врз новинарите. Ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат случајот во врска со пријавата за закана врз претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Потенцираме дека Владата на Република Македонија е цврсто определена кон почитување на слободата на изразување, професионално и објективно работење на новинарите, без политичко влијание или какви било притисоци“, се вели во соопштението од Кабинетот на министерот Поповски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...