Робен: Бев подготвен да одам во Манчестер Јунајтед

214

Ариен Робен откри дека бил подготвен да премине во Манчестер Јунајтед во 2004-та година, но никогаш не добил официјален предлог за тоа.

Во тоа време, кога имал 19 години, Холанѓанецот патувал за средба со Сер Алекс Фергусон во базата на „црвените ѓаволи“ во Карингтон.

Сѐ минало добро и Робен се вратил во Ајндховен верувајќи дека ќе го напушти ПСВ и ќе се приклучи на другата млада сензација – Кристијано Роналдо. Од Јунајтед, сепак, не се договориле за трансферната сума и зделката пропаднала.

– Разговорот со Фергусон мина многу добро. Зборувавме за фудбалот и за животот. Ја обиколивме базата и се беше во ред. Кога се вратив во ПСВ, сепак, ништо не се случи. Во тоа време Ајндховен преговараше и со Челзи, па можеби тие понудиле повеќе пари – вели Робен за „4-4-2“.

Разговарал и со Челзи и му се допаднале нивните планови. – Имавме средба и сè се случи многу брзо. Ако пред тоа од Манчестер ми понудеа договор, сигурно би одел кај нив. Тоа, сепак, не се случи, но и не жалам за тоа, додава тој.

Робен премина на „Стемфорд Бриџ“ во 2004 за 12 милиони фунти и освои две титули, потоа беше продаден на Реал Мадрид. Јунајтед, пак, го купи Вејн Руни, кој потоа стана најдобар стрелец во историјата на тимот.

Фото: EPA/PHILIPP GUELLAND

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...