Советникот на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Ристерски, од пред својата опожарена викендица во прилепско рече дека се сомнева оти зад пожарот стојат политички мотиви.
– Не можем ниту да се сомневам во некого ниту да посочам со прст. Единствено ми паѓа на памет дека ова е политички сторено дело. Очигледно некому му пречи мојата активност, дека ангажманот на Петар Ристески на некого му смета. Се сомневам дека пожарот е подметнат бидејќи во објектот нема никакво електричне приклучок, нема електрични апарати или плински уреди. МВР нека си ја врши својата работа и се надевам дека наскоро ќе ги пронајде не само сторителите на овој гнасен чин туку и нарачателите – изјави Ристевски.
Тој рече и дека не е прв пат да се посегне по неговата безбедност и безбедноста на неговото семејство.
-Во неколку наврати членови на СДСМ направија штета на мојата семејна куќа, на денот на изброите кога се славаше победата на СДСМ. Очигледно е дека оваа хунта која владее во моментов во Македонија не признава ништо за свето и посегнува по семејните вредности на оние кои не размислуваат како нив – додаде тој.
Тој испрати апел на помирување, затоа што, рече, политиката е натпревар на идеи.