Рускиот фудбалски сојуз (РФС) внимателно ќе ги разгледа пријавите стигнати од неколку активисти на антирасистички движења за наводни расистички извици упатени кон француските фудбалери со темна боја на кожата за време на вчерашниот дуел во Санкт Петербург.
Мета на навивачите кои извикувале мајмунски звуци биле Пол Погба, Усман Дембеле и останатите француски репрезентативци со темна боја.
За навредите на расна основа известена е и Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Франција ја победи Русија со 3:1.