РЕЗИЛ НЕВИДЕН Уредниче Дарко Каевски, која е таа што „го примила корнишонот на премиерот“? ОБНОВЕНО

Агенцијата за спорт и млади финансирала збирка поезија со скандалозна содржина, директорот Дарко Каевски се потпишал како уредник, а сега тврдат дека не знаеле за содржината. Кај си играат директори, децава си играат и уредници...

21883

Скандал ја тресе Агенцијата за спорт и млади, на чие чело е Дарко Каевски!

Откако извесен Демир Незири на Фејсбук синоќа објави делови од збирка поезија од проектот „Млади поети“, чиј издавач е Агенцијата, а како уредник слови токму Дарко Каевски, на Фејсбук зовре од коментари.

Дека не станува збор за лажна вест сведочи оваа фотографија:

Од фотографијата недвосмислено се гледа кој е издавач и уредник на збирката. А сега, да видиме дел од содржината на песните. Првата песна е насловена како „Партиски вработена“. Еве дел од стиховите на оваа песна:

„Пушела кај координаторот“…„Му го дркала на директорот“. „Велат дека го примила корнишонот на премиерот!“ Корнишонот?! На кого ли мисли поетесава кога ги спомнува координаторот, директорот и особено корнишонот? Го знае ли Дарко Каевски одговорот на ова прашање.

Но, тоа не е сѐ. Објавен е и дел од песна која сериозно смрди на шовинизам. Еве ги тие стихови:

„Агим е шофер, Бурим е шнајдер, Ветон е швајсер, Дардан е шверцер…“ Читајте сами. Знае ли Каевски што сакал да каже поетот?

Спомнатиот Незири го прашува директорот Каевски: „Дали си свесен дека институцијата која што ја водиш плаќа за песне што са шовинкстички, а некоаш са и на граница со говор на омраза? Дали си свесен дека ти си наведен као уредник? Ако си вистина уредник, да си даеш оставка пошто си го дозволил ова, ако не си да им удриш клоцете на тија што те места“.

Велат дека синоќа доцна Агенцијата за спорт и млади се оградила од содржината на збирката, тврдејќи дека не знаела што содржи таа. До Плусинфо такво соопштение не дојде, па не можеме да тврдиме дали е тоа точно. А и да има такво соопштение, се чини дека е ирелевантно.

Дарко Каевски и неговата Агенција ја финансирале оваа збирка, а Дарко се потпишал и како уредник, со што ја презел објективната одговорност за нејзината содржина. Наместо објаснувања од типот „не сме знаеле“, Каевски мора да понуди објаснување како ги разбрал стиховите, вклучително и за пушењето и за корнишонот, а во спротивно, ако ништо не разбрал, треба да размисли за оставка на својата функција.

ОБНОВЕНО

На Фејсбук профилот на Агенцијата за спорт и млади е напишано следново соопштение:

„Во испечатената збирка поезија од проектот “Млади поети” е објавена содржина која содржи недолични елементи на дискриминација. Изборот на песни кои се објавуваат го направи надворешна комисија, која требаше да направи соодветна селекција, при што АМС нема увид во содржината.

Агенцијата за млади и спорт се оградува од содржина која содржи дискриминација и смета дека е недолична. Во тек е истрага за утврдување на фактите и причините кои довеле ваквата содржина да биде објавена, после што јавноста ќе биде информирана за мерките и одговорноста кои ќе се преземат.

Агенцијата за млади и спорт се противи и ќе се бори против каква било форма на дискриминација на родова, етничка или која било друга основа.“

НАШ КОМЕНТАР

Тенко, многу тенко објаснување, господине Каевски. Пардон, уредниче Каевски. Сепак, време е за оставка…

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...