Ременски: Викајте ме како сакате, јас им сакам добро на сите без разлика на вера и етничка припадност

1879

Пратеничката Фросина Ременски преку социјалните мрежи им одговори на демонстрантите пред нејзиниот дом дека ќе заработат кривични пријави.

„Во координирана организација со ВМРО-ДПМНЕ, ОК на нивната партија од Карпош на чело со поранешниот и сегашниот претседател на ОК Карпош Сашо Лазаревски и Тони Јаревски (актуелен советник во Карпош), заедно со позната група на партиски активисти вечерва “протестираа” со отров во устата и душата пред мојот дом.
Нема да чекам никој да поднесе кривична пријава. Тоа ќе го направам јас лично со се што поседувам како доказ за кажаното.
Тој фашизам и безобразлук ќе си го практикувате дома, зошто кај мене нема да ви помине.
Од вечерва сум и Македонка, и Албанка, и Турчинка, и Ромка, и Босанка, и Влаинка и Србинка …, викајте ме како сакате, затоа што знам дека, им сакам добро на сите без разлика на вера и етничка припадност.
Вие сте вистинските и упорните гробари на иднината и мирот на земјата и верата во која се колнете“!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...