Ревизијата на работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата укажува на непочитување и злоупотреба на законските одредби, незаконско и несовесно трошење на парите на граѓаните, токму од страна на Комисијата која што треба да се грижи за спречување на злоупотреби на правата и обврските на институциите и сите избрани функционери во државата, порача пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски.
Ременски до антикорупционерите: Или итна оставка или разрешување
Пратеничката рече дека членовите на Антикорупциска веќе немаат професионален и етички кредибилитет да ја вршат оваа функција ниту еден ден повеќе.
loading...