На Нов Зеланд ова лето е најтоплото некогаш измерено, соопшти новозеландскиот Национален институт за вода и атмосферски истражувања.
Просечната температура била 18,8 степени Целзиусови, што е 2,1 степен над просекот за периодот од 1981 до 2010 година.
Најсилниот топлотен бран го достигна врвот во градот Александра на новозеландскиот Јужен Остров, кога на 30 јануари беа измерени 38,7 степени, што е највисоката измерена температура во земјата во последните 30 години.
Температурата на морето околу Нов Зеланд биле шест степени над просекот.