Реал одбил 70 милиони евра плус Кутињо за Герет Бејл

441
ФОТО: EPA/Alejandro Garcia

Реал Мадрид одбил неверојатна понуда од Ливерпул за Герет Бејл, тврди „Мундо Депортиво“, повикувајќи се на книгата „ПСЖ: Откритија за една револуција“ (PSG: revelations of a revolution), која излезе на пазарот во Франција оваа недела.

Според наведените податоци во книгата, Ливерпул побарал да го купи Герет Бејл во 2017-та година и понудил нешто неверојатно за него.

„Црвените“ од „Енфилд“ подготвиле 70 милиони евра плус … Филипе Кутињо, во замена за услугите на велшката ѕвезда.

Во овој момент, сепак претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез бил толку опседнат од идејата да го купи напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе, што веднаш ја отфрлил понудата од Ливерпул.

Перез бил подготвен тогаш да го даде Бејл, но токму во замена за Мбапе, а не за Кутињо.

На крајот, Бразилецот беше продаден во Барселона за 145 милиони фунти, а Бејл остана во Мадрид.

ФОТО: EPA/Alejandro Garcia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...