Рашковски за Академик: Нека ми најдат прв братучед, чичко, вујко, тетка, тетин… во администрацијата

981

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски во интервју за Академик оценува дека се тенденциозни и невистините написите во медиумите во кои е обвинет за непотизам.

-Таквите написи ги оценувам како тенденциозни и невистинити. Затоа и велам, нека се најде кој било член на моето семејство, прв братучед, чичко, вујко, тетка, тетин… вработен во администрацијата, па ќе се види за вистинитоста на тие шпекулации. Прво треба да се знае значењето на зборот непотизам, па потоа да се говори за тоа. Непотизам е кога некој се вработува на некоја позиција исклучиво поради роднински врски со работодавачот. Впрочем за сите обвинувања веќе има судски процеси – вели Рашковски кој беше критикуван дека неговата сопруга е поставена за претседател на Комисијата во Централен регистар која одлучува по жалби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...