Ракометниот клуб „Прилеп“ со општински пари останува во „Супер лигата“

Според Александар Мариноски, првиот човек на РК „Прилеп“, клубот непречено ќе го продолжи натпреварувањето во „Супер лигата“.

144

Прилепската локална самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски финансиски ќе го поддржи ракометниот клуб „Прилеп“, што значи дека клубот ќе го продолжи натпреварувањето во ракометната „Супер лига“, соопштуваат од локалната самоуправа.

Ова е заклучокот од одржаната средба помеѓу градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Советот на општина Прилеп Миле Талевски и претседателот на РК „Прилеп“ Александар Мариноски.

– Имавме средба со претседателот на РК „Прилеп“, на која разговаравме за проблемите со кои се соочува клубот. Општина Прилеп ќе му излезе пресрет на клубот за да ги надмине финансиските проблеми со кои, тој од поодамна се соочува. Како градоначалник секогаш ќе стојам зад спортот во Прилеп, ракометот, фудбалот и останатите спортови и ќе ги поддржувам спортистите – изјави Јованоски.

Според Александар Мариноски, првиот човек на РК „Прилеп“, клубот непречено ќе го продолжи натпреварувањето во „Супер лигата“.

– Со градоначалникот разговаравме и најдовме решение како нашиот клуб да го продолжи натпреварувањето во ракометната Супер лига. Од Буџетот на општина Прилеп ќе бидат издвоени средства со кои клубот ќе биде поддржан до крајот на оваа натпреварувачка сезона, а се надевам дека локалната самоуправа и во иднина ќе го прави тоа – рече Мариноски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...