Кими Раиконен го продолжи добриот настап на „Ферари“ од вчера и го освои првото место до пладне денеска во Барселона. Финецот направи обиколка со хипер-меки гуми, само една десетина побавно од рекордот на Фетел.
„Мекларен“ повторно имаа проблеми на почетокот на денот. По неколку обиколки за згревање, Алонсо излезе за првиот брз круг и беше најбрз во моментот во првиот сектор, кога автомобилот покажа проблеми. Болидот излета на истото место како во средата, со што денеска повторно мораше да се замени моторот. Па така Шпанецот остана со седум кругови, од кои ниту еден не беше брз.
Неговиот сонародник Карлос Сајнц не постигна повеќе од тоа. „Рено“ се пожали на проблеми со менувачот.
Второто и третото место по „Ферари“ беа за Хас и Торо Росо, кои исто така покажаа издржливост. Ромен Грожан сврте 74 круга и Брендан Хартли – 91.
Хамилтон ги заврши предсезонските тестови со четврто време и 97 кругови. Неговата програма вклучуваше главно симулации за трки, откако сè помина непречено.
Топ 5 ги надополни Естебан Окон со Форс Индија, кој заостана над три секунди од времето на Кими Раиконен.