Работна средба во МТСП по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

125

Барањата за подобрување и заштита на правата и интересите на овие наши сограѓани од областа на детската и социјална заштита, работните односи и пензискиот систем, како и за претстојните реформи во делот на обезбедување услуги и поддршка на овие лица во нивното место на живеење биле тема на денешниот состанок што по повод 21 Март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, се одржа во Министерството за труд и социјална политика.

На состанокот присуствуваа претставници на граѓанските организации „Трисомија 21“, „Центар за Даунов синдром’“, како родители и лица со Даунов синдром.

– Министерката Царовска ги извести присутните дека Владата на последната седница го усвои Проектот за воведување на професионална рехабилитација и планот за отворање два центри за оваа намена во Скопје и во Струмица, како и за активностите кои што се преземаат во насока на деинституционализација – соопшти МТСП.

Во однос на Дневниот центар за деца со Даунов синдром во Скопје, чија изградба и опремување е во завршна фаза, договорена е динамика за изработка на програмата за работа на овој центар според потребите и барањата на корисниците​.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...