Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за телевизијата ЕнБиСи изјави дека неговата земја ќе користи нуклеарно оружје само во вонредни околности. Според него, има две причини кои може да ја предизвикаат употребата на нуклеарно оружје. Првата, како што истакна, е нуклеарен напад врз Русија, а втората користење на неконвенционално оружје во напад кога е загрозено постоењето на земјата.
Претходно, НАТО како и германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп изразија загрижување, откако вчера рускиот претседател Владимир Путин објави дека неговата земја распоредила или развива ново нуклеарно оружје.