Путин: Прво докази, потоа ќе зборуваме дали се виновни или не

Високо образованите луѓе треба да разберат дека ние во Русија не можеме кривично да ги гониме луѓето ако тие не ги прекршиле руските закони, објасни рускиот претседател.

1056

Русија прво мора да ги изанализира доказите за вината на обвинетите во САД за мешање во претседателските избори во 2016 години, а потоа ќе донесе независна одлука за тоа дали тие се виновни или не, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си.

Русија не може да одговори на обвинувања ако обвинетите поединци не ги прекршиле руските закони, изјави Путин.

– Со сета почит лично за вас (водителката Мегин Кели) и Конгресот, мора да имате луѓе кои се стручни во областа на правото, и тоа стопроцентно. А високо образованите луѓе треба да разберат дека ние во Русија не можеме кривично да ги гониме луѓето ако тие не ги прекршиле руските закони – објасни рускиот претседател.

Кога водителката му рече дека таа има диплома по право, Путин и укажа дека тогаш таа мора да разбере дека треба да испрати официјално барање до јавниот обвинител на Руската Федерација.

– Дај ни го документот, испратете ни официјално барање. Тоа мора да помине низ официјалните канали, а не преку медиуми или викање во Конгресот на САД – рече Путин.

Вашингтон ја обвини Москва за мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, а истрагата за наводно мешање е во тек под покровителство на ФБИ, специјализирани комитети за разузнавање во американскиот Сенат и Претстваничкиот дом, како и персоналот на специјален обвинител Роберт Мјулер.

Претседателот на САД, Доналд Трамп и претставници на неговата администрација, во неколку наврати ги отфрлија обвинувањата за заговор со руски делегати за време на бурна изборната трка, а Москва во неколку наврати ги отфрли обвинувањата дека сакала да влијае на текот на изборите во САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...