Путерот го намалува ризикот од срцеви заболувања

Обемните проучувања покажале дека не постои директна врска помеѓу консумирањето на сите заситени масти и срцевите заболувања.

114

Неверојатно е колку години сме биле под влијание на погрешни информации, дека треба да се избегнува путерот, а да се јадат рафинираните масла во маргаринот, но новите научни сознанија укажуваат дека е токму спротивно.

Путерот се сметал за нездрав затоа што содржи заситени масти. Но, тоа не е правилен аргумент против путерот, затоа што стравот од заситени масти се покажал како мит, кој последните години бил отфрлен од науката.

На пример, во 2010. во реномираното списание American Journal of Clinical Nutrition е објавена импресивна студија, која вклучувала неколку илјади луѓе. Студијата ги поврзала нивоата на конјугирана линоленска киселина во масното ткиво и ризикот од срцев напад. (Нивоата на оваа киселина се многу сигурен маркер за внесот на масни млечни производи.)

Споредени се 1813 испитаници кои имале срцеви напади со ист толкав број на луѓе кои не доживеале срцев напад.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...