Пустош на крајбрежјето во Охрид, ќе има обештетување ГАЛЕРИЈА

2322

Силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на Охрид. Падна и Мостот на желбите.

Нивото на Охридското Езеро е 3 сантиметри над дозволеното,а силниот ветар донесе и бранови во висина од 120 сантиметри.

„За справување со последиците, заседаваше Кризниот штаб на општината кој е во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни во секунда. Екипите на јавните претпријатија  цел ден беа на терен  и расчистуваа, а противпожарната единица имаше осум интервенции на паднати оџаци. Најголеми оштетувања има на крајбрежните објекти на потегот од Канео до градскиот плоштад“, соопштија од Општина Охрид.

Утре  ќе се продолжи со чистење, на терен ќе излезат колкав број и да е потребен од вработените во јавните претпријатија.

„Правните и физичките лице кои се оштетени од невремето од понеделник ќе можат да поднесат барање за обештетување. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди по пријава ќе излезе на терен“, најавија локалните власти.

Од Кризниот штаб се апелира да се тргнат автомобилите и да се регулира сообраќајот во стариот дел на Охрид за да може механизацијата непречено да работи на расчистување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...