Прва апликација на АМС преку „Еразмус плус“ – „Европска недела на спортот“

107

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската комисија преку програмата Еразмус плус – „Европска недела на спорт“.

„Апликацијата и замислата на целиот проект беше под водство на Александра Дичевска, советник за меѓународна соработка во Агенцијата за млади и спорт и Национален координатор за проектот за кој добивме позитивен одговор“, соопшти Агенцијата.

Агенцијата ги информираме општините со соодветните сектори за спорт, спортските клубови, здруженија, образовни спортски академии и високо образовни спортски институции, национални спортски федерации, дека во периодот што следува ќе се организираат редовни средби, состаноци, за учество и улога на сите наведени институции во Европската недела на спортот, што ќе се реализира во периодот од 23 до 30 септември годинава.

Покрај многубројните активности во текот на целата недела, акцент ќе се стави на главните настани – Promotion on healthy lifestyles – за прв пат дел од #BeActive Week of sport, #BeActive Village, #BeActive Night и #BeActive Festival.

Целта на проектот е спорт за сите возрасни категории, на сите места, во секакви услови, а крајниот ефект е остварување на идеите на Европската недела на спортот – придобивките од активностите во текот на спортската недела да имаат траен ефект, односно да останат во навиките на секој поединец во Македонија, додава Агенцијата во своето соопштение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...