По 78 натпревари првпат досуден пенал против Барса

347

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде неможеше да разбере зошто против неговиот тим беше досуден пенал за време на натпреварот со Лас Палмас од 26-тото коло на Примера дивизион.

Дуелот заврши 1:1, а првпат по 78 натпревари, против Барса беше досуден удар од 11 метри.

– Нерешениот резултат не ни одговара. Можевме да постигнеме повеќе голови, но противникот израмни од пенал и се бранеше добро на крајот. Пропаднаа сите наши обиди. На моменти ни недостигаше ладнокрвност. Имам доста прашања за пеналот, кој беше досуден против нас. Никој не разбра зошто се случи тоа. Веројатно откако ќе го вида повторувањето, ќе ми стане појасно, изјави тренерот.

По овој меч разликата помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид е само пет бода, а двата тима играат дерби в недела на „Камп Ноу“, со што разликата може да се намали уште повеќе, со оглед на формата на „јорганџиите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...