Ученичка во основно училиште во скопски Карпош била повредена кога врз неа паднал прозорец, инфорираше МВР.
Инцидентот го пријавил Ф.К.(32), татко на девојчето.
Според него, во четвртокот неговата 11- годишна ќерка била на час. Кога наставничката се обидела да отвори еден од прозореците во училницата, истиот се откачил и паднал врз неговата ќерка.
По завршувањето на часовите, кога дошла дома се пожалила на болки во левото рамо и по прегледот во Градската општа болница “8-ми Септември“ констатирано и била скршеница на коска на рамото.