Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска организираше протестен марш во Скопје преку кој беше побарано подобрување на правата на затворската полиција и администрацијата во затворите, преку зголемување на вредноста на бодот и нови вработувања.
Маршот почна пред зградата на МРТ и продолжи покрај Владата и Министерството за финансии.
За надминување на проблемите, како што беше истакнато на маршот, се неопходни дополнителни пари со ребалансот на Буџетот за 2018 година, нов закон за извршување и санкции и потпишување колективен договор за затворската полиција и администрацијата.
– На министерот за финансии веќе му е доставен документ со кој го потсетуваме дека ќе мора многу бргу со ребалансна сума на Буџетот да го корегира делот на парите кој се однесува на судските полицајци и да почне со разгледување на барањата за затворската полиција која не е влезена во тој ребаланс – изјави Гоце Делчев Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата.
Учесниците на маршот потенцираа дека барањата ги доставиле до надлежните институции во декември лани, но, како што велат, се уште нема одговор