Протест за „Алмир“ пред Владата закажан за среда

204

Во среда во 13 часот, пред Владата ќе се одржи протест против преквалификацијата на делото во кое настрада четири годишниот Алмир Алиу, пред четири години.

Обвинетиот Бобан Илиќ, по преквалификацијата на обвинението, беше ослободен од притвор. Со одлука на Обвинителството, ова дело од убиство, се преквалификува во сообраќајна несреќа со смртни последици.

По измената на обвинението, обвинетиот недолично се однесуваше кон семејството на починатото дете, покажувајќи им среден прст кога излегуваше од затворот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...