Во САД расте гневот откако полицаец уби невооружен 22-годишен црнец во Калифорнија.
Во Сакраменто вчера се одржа протест, а демонстрантите го запреа сообраќајот и го блокираа влезот во кошаркарската сала, барајќи одговор на прашањето зошто полицијата го застрелала Стефон Кларк, кој во рака држел мобилен телефон.
Истражителите велат дека инцидентот почнал кога соседите пријавиле во полиција дека некој ги крши прозорците на автомобилите и се крие во нивниот двор. На објавената снимка направена од полициски хеликоптер се гледа како некој трча и прескокнува ограда, а потоа се слуша како зборува полицаецот: гледам дека носи качулка, ѕирка во друг автомобил. Веднаш потоа, полицајците му пришле на Кларк пред куќата на неговата баба и испукале во него 20 куршуми бидејќи тој одел кон нив, држејќи нешто во раката. Подоцна се утврди дека држел ајфон. Истражителиуте велат дека пронашле оштетени автомобили и искршена стаклена врата и веруваат дека за тоа е одговорен Кларк.
– Велат дека провалувал во автомобили. Како го знаат тоа? Немаа време за истрага – укажува Лес Симонс, активист од Сакраменто.