Протече таен дневник на Меган Маркл

Актерот Ленс Картер за „Дејли Мејл“ ги потврдува наводите дека Меган е таа која стои зад блогот.

342
epa06521807 Meghan Markle during a visit to Edinburgh Castle, in Edinburgh, Britain, 13 February 2018. Britain's Prince Harry and his fiancee Meghan Markle are on their first official joint visit to Scotland. EPA-EFE/ROBERT PERRY

Идната членка на британското кралско семејство, Меган Маркл имала блог за „борбата за опстанок“ во Холивуд. На него, освен за својата склоност кон евтино вино и сирење, таа пишува и за „магичните гради“ и за многу секс.

Блогот се појавил на почетокот на 2010 година, под наслов „Вредната глумица“ и брзо станал многу популарен меѓу актерите почетници. Претставувајќи се како глумица која работи и користејќи ја силуетата на празно режисерско столче како свое лого, Меган настапува анонимно, и никому не му паѓало на ум дека тоа е таа.

Идната сопруга на британскиот принц Хари опишувала ситуации во кои една глумица морала да прифати работи од кои се згрозува, гладувала, а утеха барала во чоколадата, сендвичи и евтино вино. Во овие текстови, таа, имплицитно, како да говори за себе.

Во нив се говори и за надмени и себични агенти, а ја отвора и темата околу бракот со продуцентот Тревор Енгелсон. За него пишува дека иако ѝ недостасувал, времето без него било како одмор.

– Кога е добро, тогаш е ебено добро. Останатите 300 денови е потешко од тоа што можете да замислите, се вели во една објава посветена на непознатиот сопруг.

На веќе избришаниот блог, кој бил активен до 2012 година, авторката говори и за недобивањето улоги кои многу ги сака…

– Нема да ве лажам, многу денови минав стуткана в кревет, со парче леб и малку вино. Жално и комично – вели таа во објавите.

Актерот Ленс Картер за „Дејли Мејл“ ги потврдува наводите дека Меган е таа која стои зад блогот.

Фото: EPA/ROBERT PERRY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...