Професори од Институтот за социологија демантираат дека фалсификувале записник

1088

На Институтот за социологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, на 6.3.2018 година е одржана редовна седница во просториите на библиотеката на Институтот за социологија. На седницата, беа физички присутни 9, од вкупно 10 членови. Со тоа е обезбеден кворум за водење на седница и гласање за точките од дневниот ред согласно Деловникот за работа на наставно – научниот совет, работните и стручните тела и комисииите за Филозофскиот факултет Скопје и член 39 од Правилникот за внатрешни односи работењето на Филозофскиот факултет во Скопје, во состав на Унииверзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од мај 2013 година, реагираат професори од Институтот на текстот на Плусинфо „Скандалозен избор на нов шеф на Институтот по социологија: Петмина професори фалсификувале записник!“.

„Содржината на записникот за кој новинарката на Плусинфо тврди дека е фалсификуван записник е класична лага и невистина. Записникот е базиран на факти изнесени на седницата, а записникот е подготвен од страната на секретарот на Институтот за социологија, кој не учествува во гласње. Покрај, другите точки од дневниот ред, легално е даден предлог до Деканот за Филозофскиот факултет за раководител на Институтот за социологија, со мнозинство од присутните на почетокот на состанокот. (според погоре споменатиот член 39)

Во однос на реномето од петтмина професори од кои ги црпите информациите за написот, ја информриаме јавноста со дел од нивните активности. Цитираниот професор беше 8 години надвор од факултетот и од државата, а неговото работно место беше во мирување. Друга тема за разговор, е дали причината за неговото отсуство е аргументирна за да мирува неговото работно место.

Вториот реномиран професор е предмет на кривично гонење од страна на Министерството за образование и наука заради рецензија на спорен учебник, за која надлежните државни институции поднесоа тужба.

За третиот реномиран професор постои сомневање во однос на професионалното раководење на професионално здружение на социолози.

За четвртиот реномиран професор постои сомневање за давање лажни информации во врска со изборот во наставно – научни звања, а последниот реномиран професор е еден од рецензентите, на четвртиот ренономиран професор.

Сакаме да ја информираме јавноста, дека за изречените клевети од страна на петтмината „реномирани“ професори од Институтот за социологија – тврдењата за фалсификат ќе треба да ги докажат пред надлежните институции.

Во име на вистината и објективноста, цениме дека треба да ги прашате за мислење и другите професори кои се обвиенти во вашиот текст. Во оваа прилика Вашиот медиум подлегнал на лажните обвинувања од страна на „реномираните професори“ и бараме објавување на деманотот во целост и извинување“, велат во демантот останатите пет професори од институтот за социологија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...