Прободено момче оти не им дало пари на насилници

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.

1170

Малолетник е пренесен во  Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако го нападнале група непознати  на улица Атанас Митов во Скопје.

Полицијата соопшти дека групата го пресретнала момчето вчера попладне и побарала од него пари. Откако им кажал дека нема пари, тие го турнале и со тврд остар предмет му нанеле убодна рана во десната нога, пренесе полицијата.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...