Проблемите надминати, Плусинфо повторно во етерот

Проблемите кои траеја повеќе од 12 часа, поради поставување безбедносен сертификат, се надминати. Нашите читатели, постепено, со празнење на кешираната меморија, лесно и брзо ќе го отвораат Плусинфо.

1911

Поради проблеми при поставување безбедносен сертификат, сајтот Плусинфо во последните 12 часа често паѓаше или тешко се отвораше. Од сите страни стасуваа реакции од нашите читатели, на кои им се извинуваме за непријатностите.

Од страна на техничката поддршка на сајтот сме известени дека проблемите веќе се надминати и дека постепено, зависно од кешираната меморија, кај сите посетители на сајтот потворањето ќе се нормализира или веќе е нормализирано.

На оние што немаат трпение, а имаат малку повеќе знаење, им советуваме да направат clear history во браусерот (пребарувачот) што го користат.

Уште еднаш, Редакцијата се извинува за неочекуваните проблеми. Ова беше период кога Плусинфо премина на нова платформа, при што некои од проблемите со кои се соочивме изгледа беа неизбежни. Да не зборуваме за Марфиевите закони…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...