Приведен Албанец кој незаконски ловел на Галичица

182

Полицајци од граничен премин „Свети Наум“ кај место викано „Попо“ вчера во 17 часот го затекнале лицето А.П. (56) од Поградец, Албанија во криволовство. Албанецот немал документи, ама имал пушка марка „Benelli“ со шест ловни куршуми и  е затекнат како незаконски лови во подрачје под Националниот парк „Галичица“.

Лицето било приведено и задржано за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...