Принцот Филип ќе го оперира колкот

198

Бакингамската палата соопшти дека принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета, е примен во болница на претходно закажана операција на колкот.

Во соопштението се наведува дека 96-годишниот принц ќе биде опериран утре.

Тој во изминатиот период се повлече од јавниот живот и не се појави на неколку позначајни јавни настани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...