Шарлиз Терон: Пушев марихуана и би пробала пак

441

Американската актерка Шарлиз Терон во интервју за американските медиуми пред премиерата на филмот „Гринго“ изјави дека и било многу непријатно поради колегите, бидејќи глуми груба жена која постојано ги навредува другите.

– Она што го говорам во име на ликот кој го глумам, не би можела да замислам некогаш да излезе од мојата уста. Имав чувство дека треба постојано да барам извинување – наведува актерката.

Бидејќи една од темите на филмот е и марихуаната, Терон признава дека порано редовно конзумирала.

– Многу години пушев умерено марихуана. Тоа го кажувам отворено, бидејќи навистина не ме интересира дали ќе ме осудуваат. Сакам повторно да пробам и можам да се контролирам. Патам од несоница и затоа сакам пак да пробам. Подобро тоа отколку да земам лекови за спиење. Всушност кога ќе имам повторно можност да пробам ќе го направам тоа со мајка ми. Ни таа не спие како што треба – потенцира актерката.

Терон истакнува дека актерството ја прави среќна затоа што 90 отсто од нејзината работа се однесува или ја засега неа.

Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...